Дома Фудбал Англија Руни тренер во Премиер лигата?

Руни тренер во Премиер лигата?

Англиските медиуми најавуваат дека Френк Лампард е под сериозен притисок по новиот пораз на Евертон на домашен терен од Брајтон (1:4) и наскоро би можеле да видиме промена на клупата на „Карамелите“.

За тимот од „Гудисон Парк“ тоа беше осми пораз на последните 11 натпревари и во овој момент Евертон е во зоната на испаѓање, па и очекувано е да има најави за промена на клупата.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Името на Вејн Руни се појави помеѓу можните кандидати за наследник на Лампард, наводно Руни е на врвот на желбите на сопственикот Ферхад Мошири. Руни во овој момент го води американскиот Ди Си Јунајтед.

Покрај Руни на листата се имињата на Роберто Мартинез кој неодамна ја напушти селекторската позиција на Белгија и Шон Дајш кој се раздел исо Барнли.

Руни претходно во Англија го водеше Дерби Каунти каде што се задржа се до финансиската криза која го погоди овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Уникатен светски рекорд на Родри – една година без пораз!

Шпанскиот стратег, Пеп Гвардиола го истакна Родри како најдобар фудбалер на Манчестер Сити…