Оле Гунар Солскјер имаше одлично деби на клупата на Манчестер Јунајтед и славеше победа против неговиот поранешен клуб Кардиф од 1:5.
После натпреварот Норважанецот откри дека голема помош и корисни совети добил од Вејн Руни.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Изгледа дека на сите им е полесно со заминувањето на Мурињо, тоа го потврди и напаѓачот кој денес настапува за Ди-Си Јунајтед.
„Негово заминување не сакаа само играчите, туку сите во клубот. Сигурен сум дека слично размислува и Ед Вудворд лично, па дури и готвачите“.
„За клубот да биде успешен и да се движи во посакуван правец, се би требало да биде контрола и сите да бидат среќни. Ситуацијата беше лоша, но дојде Оле, тој е одлична личност и верувам дека може да ја поправи состојбата. На лицата на играчите повторно можеше да се види насмевката, тоа е добар знак“, заклучи Руни.