Дома Останати Тенис Роџер Федерер не е помеѓу топ 10 тенисери во светот

Роџер Федерер не е помеѓу топ 10 тенисери во светот

За првпат после 2017 година Роџер Федерер не е помеѓу најдобрите 10 тенисери во светот. На најновата АТП листа Швајцарецот падна на 11. место.

Последица на падот на Федерер се повредите и операциите кои во 2021 година го лимитираа само на 13 одиграни мечеви, а победи на девет. Последен пат Федерер играше на својот омилен Вимблдон каде што победи четири меча пред во четвртфиналето да биде елиминиран од Полјакот Хуберт Хуркач во три сета.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Федерер во топ 10 за прв пат влезе во 2002 година и од тогаш само 11 недели поминал под 10. позиција. Ова лето направи нова операција на коленото поради што повторно му следи повеќе месечна пауза. Веќе го откажа настапот на Австралија Опен.

Како што стојат работите и да се врати сосема извесно е дека повеќе нема да го гледаме во топ 10.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Бројките не лажат: Ова е уште еден доказ зошто Новак е најдобриот на сите времиња

Се повеќе се оние кои тврдат дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, а за…