Репрезентацијата на Англија вчера ја декласира Панама со 6:1 и така го осигура пласманот во осминафиналето на СП.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Англија успеа да дојде до победа против Тунис и Панама, а во последното коло од групната фаза за првото место ќе се борат во директен судир со Белгија. После вчерашната победа над Панама се створи голема еуфорија меѓу навивачите на Англија.
Имено, после долго време навивачите на оваа репрезентација се задоволни од играта на екипата, а според многумина Англија може да стигне далеку. Сепак, поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Рој Кин одлучи да ги приземји.
„Англија веќе го освои СП ако гледаме по реакцијата на навивачите. Немојте да комплицирате бидејќи не е време за тоа. Фокусирајте се на следниот натпревар и обидете се да победите. “