Еден од ретките кои застанаа на страна на Жозе Мурињо после неговиот отказ во Манчестер Јунајтед е легендарниот капитен на овој клуб Рој Кин.
Кин во изјава за „Би-Би-Си“ ги обвини играчите на Манчестер Јунајтед дека намерно го саботирале тренерот и се извлекувале на неговото лошо водење, а според него и тие се виновни колку и него.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Се извлекоа како жртви. Што и да мисли за нив, факт е дека го фрлија под нив. Луѓето зборуваа дека Мурињо влегол во расправија со нив. Па, секој нормален тренер би се расправал со играч кој на припремите доаѓа со вишок килограми и кој не се залага на тренинзите“.
„Да се разбереме, јас не сум најголем обожавател на Мурињо, но на играчите треба да им биде срам. Се покажаа како слабаци кои се кријат зад своите менаџери и грешките на тренерот, а имаат и свои луѓе кои работат во медиумите за нив. Навистина направија циркус“, изјави Рој Кин.