Дома Фудбал Англија Рој Кин го понижи Арсенал: Мислам дека ќе успее да избори опстанок

Рој Кин го понижи Арсенал: Мислам дека ќе успее да избори опстанок

Рој Кин, легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед, веќе неколку сезони работи како стручен коментатор на телевизијата „БТ Спорт“.

Тој е познат по тоа што нема влакна на јазикот, а синоќа даде интересна изјава после поразот на Арсенал од Вулверхемптон.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Арсенал по првите десет кола има само 13 бода, што е најлош старт на сезоната за овој клуб во последните 39 години.

„Секој бод е важен за нив во натпреварите што следат, а прв е мечот со Тотенхем. Сепак, мислам дека Арсенал ќе соберат доволно бодови на крајот од сезоната за да останат во лигата“, изјави Кин.

Изјавата на Кин, која навивачите на Арсенал ја толкуваат како провокација, со смеа ја прифатија присутните во студиото.

„Мислам дека играчите на Арсенал не се доволно добри, многу се меки. Последниот добар натпревар го одиграа против Манчестер Јунајтед. Оттогаш освоија само еден бод. Не ја видов борбеноста за која говори Артета. Може да им се случи да не им оди на еден натпревар, но мора да најдат начин долгорочно да постигнуваат добри резултати. Тоа јас во овој тим на Арсенал не го гледам“, заклучи Кин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул се откажа од Алонсо, замената за Клоп ја најде во Португалија!?

Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерп…