Дома Останати Рони O’Саливен испиша нова историја!

Рони O’Саливен испиша нова историја!

Рони О’Саливен стигна до нова, за него седма светска титула.

Во финалето на Светското првенство Саливен го совлада Џуд Трамп со 18:13 и така по бројот на титули се изедначи со Стефен Хендри, а бидејќи освои повеќе рангирачки турнири и држи многубројни рекорди, може да се каже дека после ова тој е најдобриот играч на снукер на сите времиња.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Трамп на отварањето на мечот го освои првиот фрејм, а потоа Рони почна да игра подобро, па после првата серија имаше предност од два фрејма (5:3). Втората сесија повторно подобро ја отвори Трамп и намали на 5.4, но потоа О’Саливен ја презема контролата во своите раце.

Играше Рони феноменално, неговата предност растеше, а после втората сесија резултат гласеше 12:5. Изгледаше дека мечот ќе биде одлучен без возбудувања, но Трамп не мислеше така.

Почетокот на вториот финален ден за него беше како од соништата. Одлично ја одигра третата серија и ја врати неизвесноста со оглед на тоа што после повеќечасовната резултатот беше 14:11 за О’Саливен.

Сепак, Рони последната четврта серија ја отвори со два врзани фрејма и тука го одлучи мечот. Се обиде Трамп со игра на се или ништо, но не успеа, па така Рони славеше со 18:13 за историја во снукерот.

Многумина ќе кажат дека Рони О’Саливен е попознат од спортот со кој се занимава и уште еднаш покажа дека му нема рамен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…