Дома Фудбал Роналдо ја одби поканата за Суперкласико

Роналдо ја одби поканата за Суперкласико

Ривер Плата и Бока Јуниорс во неделата на Сантијаго Бернабеу ќе го одиграат долго очекуваното финале на Копа Либертадорес.

Натпреварот за првак на Јужна Америка веќе неколку недели привлекува големо внимание, а после големите нереди пред реваншот на Монументал одлучено е натпреварот да се одигра во Мадрид.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Затоа, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез одлучи за Суперкласико да испрати покана до Кристијано Роналдо и Лео Меси, со што ќе им оддаде почит на играчите кои ги одбележаа минатите десет години во светскиот фудбал.

Сите се воодушевени од овој потег на првиот човек на Кралевите, но денеска шпанските медиуми објавија дека Кристијано сепак нема да се појави на Суперкласико. Ја одбил поканата и нема да се појави на Сантијаго Бернабеу за прв пат откако замина од Реал.

Од друга страна Меси ќе дојде. Тој ќе се најде на трибините да го проследи овој спектакл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…