Дома Топ вести Роналдо тврдеше дека е најдобар во историјата – Еве што му одговорија од Барселона

Роналдо тврдеше дека е најдобар во историјата – Еве што му одговорија од Барселона

ronaldo messi

Не се чекаше многу од Барселона да одговорат на тврдењата на Кристиано Роналдо дека е најдобар фудбалер на сите времиња.

Португалецот ја освои својата пета „Златна топка“ и така се изедначи со Лионел Меси на врвот, а во интервјуто за „Франс Фудбал“ во свој стил истакна дека не постои подобар фудбалер од него.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Не гледам никој подобар од мене. Ниту еден играч не прави работи кои јас не можам да ги направам, но јас правам нешто што другите не можат. Не постои покомплетен фудбалер. Јас сум најдобар во историјата“, изјави Роналдо.

Очекувано од Барселона не се сложуваат со Роналдо.

Портпаролот Хоез Вивес му честиташе на Роналдо за успехот, но за него нема сомневања кој е најдобриот фудбалер во историјата.

„Го респектирам Роналдо и неговите достигнувања. Го сметаме за одличен играч со голем натпреварувачки дух. Но, најдобриот играч игра тука на „Ноу Камп“, а тоа е секако Лионел Меси“, изјави Вивес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…