Дома Видео Роналдо пристигна во Торино со обезбедување како на претседател на држава (ВИДЕО)

Роналдо пристигна во Торино со обезбедување како на претседател на држава (ВИДЕО)

Ѕвездата на Јувентус Кристиано Роналдо после два месеци се врати во Италија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со прогласувањето на вонредната состојба поради пандемијата од коронавирусот Роналдо беше помеѓу првите кои го напуштија Торино. Португалецот изминатиот период го помина во неговата родна Мадеира.

Откако Јувентус ги повика играчите да се вратат во Италија, Роналдо доцна вчера вечер слета во Торино. Неговото пристигнување не можеше да им избега на италијанските новинари.

Искусниот фудбалер при напуштањето на торинскиот аеродром беше следен од силно обезбедување. Во Торино со Роналдо се врати и неговото семејство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Франција ги растури „викинзите“, Дембеле со хет-трик

Франција продолжи со одличната игра на Светското првенство во Северна Америка. „Петлите“ ј…