Дома Фудбал Италија Роналдо поради обвиненијата за силување ги губи спонзорите

Роналдо поради обвиненијата за силување ги губи спонзорите

Веќе неколку дена Кристиано Роналдо се наоѓа на насловните страници на медиумите, но овој пат за тоа не се заслужни неговите фудбалски достигнувања.

Американката Кетрин Мајорга излезе во јавност со обвинение на Роналдо за силување, па иако Португалецот ги отфрла таквите обвинувања јасно е дека тие оставија трага на неговиот углед.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради наводниот инцидент од 2009 година и обвиненијата на Мајорга лицето на Кристиано Роналдо е тргнато од сите можни сајтови и профили на „ЕА Спортс“ на социјалните мрежи, но и од рекламниот банер за FIFA 19

Поради скандалот се огледи и најскапиот спонзор на Роналдо, компанијата „Најк“ кој има склучен договор со 33-годишниот фудбалер вреден милијарда долари.

„Загрижени сме за вознемирувачките обвинувања и ќе го продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата”, се вели во соопштението на светски познатиот производител на спортска опрема. Слично соопштение издаде и компанијата „ЕА Спортс“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…