Дома Фудбал Роналдо: Не сум завршил…

Роналдо: Не сум завршил…

Манчестер Јунајтед вчера на свој терен го победи Брентфорд со 3:0, а во центарот на вниманието после натпреварот се најде Кристијано Роналдо.

„Црвените ѓаволи“ конечно успеаа колку-толку да ги усреќат своите навивачи и да дојдат до нови три бода во уште една сезона која е далеку од под очекувањата. За Манчестер Јунајтед ова беше и последен натпревар на „Олд Трафорд“ оваа сезона затоа што во последните две кола ќе гостуваат кај Брајтон и Кристал Палас.

Познато е дека во последно време се шпекулира за иднината на Роналдо и се најавува дека после само една сезона ќе си замине, беше објавено дека дури може да се врати и во Реал Мадрид.

Роналдо вчера постигна само еден гол, а при излегувањето од теренот доби овации затоа што сезонава е далеку најдобар играч на Јунајтед. Многумина го следеа неговото однесување додека излегуваше, беше јасно дека е емотивен, а додека камерата го снимаше кратко порача: Не сум завршил…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…