Дома Фудбал Роналдо на состанок кај Перез: Ова се трите засилувања во јануари кои ги договорија

Роналдо на состанок кај Перез: Ова се трите засилувања во јануари кои ги договорија

По две фантастични сезони во кои освоија се, Кралевите оваа сезона се во значително лоша форма.

Тоа особено се однесува на нападот во екипата, бидејќи до последното коло, Кристијано Роналдо и Карим Бензема беа во голема голгетерска криза. Јасно е дека Реал ќе мора да менува нешто во јануари, и дека ќе има нови засилувања.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Според пишувањата на шпанските медиуми, Роналдо имал разговор со претседателот, Флорентино Перез и јасно му откри кои играчи би сакал да ги види во дресот на овој клуб. Португалецот на листата желби има тројца фантастични играчи и верува дека тие би биле вистински засилувања за Кралевите.

Прв на оваа листа е Гонсало Гуадеш кој оваа сезона игра фантастично во Валенсија. Овој 20-годишен игра потпиша за ПСЖ за 30 милиони евра од Бенфика, но францускиот клуб одлучи да го испрати на позајмица во Валенсија.

Покрај него, тука е и дефанзивецот на ПСЖ, Маркињос кој порано беше мета на Барселона. Роналдо верува дека Бразилецот дојде на „Сантијаго Бернабеу“ како замена за Варан кој најверојатно би можел да ги напушти редовите на кралскиот клуб.

И на крајот на листата е одличниот млад голман на Атлетик Билбао, Кеп. Тој веќе се договорил со Реал каде ќе пристигне во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити не го дава Де Брујне, му спреми нов договор

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, влезе во последната година од договорот, па с…