Дома Трансфер зона Роналдо и Јувентус – се „јави“ и Мурињо!

Роналдо и Јувентус – се „јави“ и Мурињо!

ronaldo mourinho

Чудно беше и што досега немаше негов коментар на најголемиот трансфер ова лето до овој момент.

Кристиано Роналдо денес беше претставен во Торино како нов фудбалер на Јувентус. Голем дел од неговата конференција можете да прочитате ТУКА.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Жозе Мурињо се до овој момент не даваше никаков коментар иако, трансферот на Роналдо е потврден пред околу една недела.

„Шпанската лига повеќе ги нема двајцата најдобри напаѓачи во светот, англиската премиер лигата е најкомплетна, а со доаѓањето на Роналдо сега ја имаме и Серија А. Сега сите ќе ја гледаат Премиер лигата затоа што е најдобра, Примера поради Меси, а Серија А поради Роналдо“.

„Италијанската лига со овој трансфер стана една од најважните во светот. Клубовите како Интер, Милан и Рома сега мораат да ја искористат ситуацијата и да извлечат максимум од аспект на квалитет, емоции, но и медиумско внимание“.

„Поради сетоа тоа му честитам на Јувентус, што направи комплетен трансфер на фудбалски, маркетиншки и финансиски план“, заклучи Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гиљермо Очоа наредната сезона ќе брани во нов клуб

Во текот на актуелната сезоната Салернитана промени три тренери, но и понатаму се мачи со …