Дома Фудбал Роналдо за едно полувреме го потопи Каљари и донесе три бода за Јувентус 🎥

Роналдо за едно полувреме го потопи Каљари и донесе три бода за Јувентус 🎥

Јувентус во рамките од 27. коло во Серија А како гостин го совлада Каљари со резултат 3:1.

Торинскиот тим прашањето на победникот го реши после само половина час игра, блескаше Кристиано Роналдо кој во тој период постигна три гола.

Првиот гол го постигна после 10-тина минути игра по еден изведен корнер, а потоа во 25. минута искористи пенал. Седум минути подоцна Португалецот дојде и до трет гол.

Домаќините до крајот на натпреварот преку Џовани Симеоне успеаа да стигнат до почесен гол. Јувентус со трите бода се врати на 10 бода помалку од лидерот Интер, но „старата дама“ има и натпревар помалку

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…