Дома Фудбал Останато Роналдо заработува богатство од Инстаграм

Роналдо заработува богатство од Инстаграм

Кристиано Роналдо е на прво место кога е во прашање заработката од реклами на Инстаграм.

Американскиот актер Двејн Рок Џонсон беше лидер, но ѕвездата на Јувентус го симна од врвот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роналдо, кој има 308 милиони следбеници на Инстаграм, може да наплати 1,6 милиони долари за една објава за реклама на својот профил на Инстаграм, објавија британските медиуми.

Двејн Џонсон (250 милиони следбеници) наплатува 1,52 милиони долари, а на третото место е американската поп-пејачка Аријана Гранде, која може да заработи 1,51 милиони долари.

Лионел Меси, кој има 224 милиони следбеници има шанса да заработи 1,1 милиони долари за рекламна објава на неговиот профил на Инстаграм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…