Дома Топ вести Роналдо донесе одлука за својата иднина и го извести Јувентус

Роналдо донесе одлука за својата иднина и го извести Јувентус

Кристиано Роналдо донел одлука за својата иднина и го известил раководството на Јувентус, пренесува „Тутоспорт“.

Весникот кој е близок до Јувентус тврди дека Роналдо нема намера да ја напушти „старата дама“ и одлуката му ја пренел на претседателот Андреа Ањели.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Роналдо ја отфрил можноста да замине во ПСЖ или да се врати во Манчестер Јунајтед и е подготвен да го одработи договорот со Јувентус во целост, до јуни 2022 година.

Португалецот оваа сезона постигна 28 голови во Серија А досега и стана првиот фудбалер на Јувентус по 60 години кој успеал да постигне над 25 погодоци во една сезона.

Изминатиот период се шпекулираше дека неговата иднина во Јувентус не е сигурна, но Роналдо ќе остане верен на „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…