Дома Фудбал Останато Роналдо го проширува своето царство: Започнува нов бизнис и тоа во Мадрид! (ФОТО)

Роналдо го проширува своето царство: Започнува нов бизнис и тоа во Мадрид! (ФОТО)

Кристиано Роналдо продолжува да го шири своето царство. Португалецот се одлучи да отвори клиника за трансплатација на коса во Мадрид, а целата работа ќе ја води неговата поубава половина Георгина Родригез.

Португалецот досега инвестираше пари во теретани, облека, хотели, парфеми и многу други работи, а неговото царство сега го проширува со медицинска устанува.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Клиниката ќе има дури шест ката, 18 операциони сали и ќе бидат вработени 150 луѓе, вклучувајќи ја и Георгина.

Георгина ќе биде менаџерка на клината, а цената на трансплатација на коса ќе изнесува 4.000 евра.

Роналдо ивенстираше еден милион евра во клиниката. Меѓутоа се очекува во текот на неколку години во неа да вложи вкупно 25 милиони.

„Освен фудбалот, многу сум заинтересиран за здравјето и техонологијата. Поради тоа и одлучив да инвестирам. Го избрав Мадрид за локација на мојата клиника бидејќи многу години живеев тука“, изјави Роналдо.

Oтварањето на оваа супер луксузна клинка ќе се случИ на 18-ти март и се очекува на отварањето да се појави и Роналдо со цел да се привлече поголемо медиумско внимание.

Како што изјави самиот Роналдо Мадрид како локација е избран затоа што долг период од животот Португалецот поминал тука, меѓутоа тоа е посебно интересно поради односот кој денес го има големата фудбалска ѕвезда со луѓето од неговиот поранешен клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Усик го доби спектаклот во Ријад – боксот по 25 години има апсолутен светски шампион!

По вечерашниот спектакл во Ријад добивме нов апсолутен светски шампион во бокс. Неговото и…