Кристијано Роналдо зборуваше за медиумите пред натпреварот на Португалија против Хрватска и уште еднаш потврди дека не размислува за крај на кариерата.
Септември, октомври и ноември се месеци во кои ќе гледаме дуели од Лигата на Нации, а Португалија и Хрватска ќе играат на 5 септември. Роналдо и понатаму е дел од репрезентацијата за која има 212 настапи и 130 голови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Португалецот нема дилеми и очекува и на 39 години и понатаму да биде стартер и тоа јасно го кажа.
„Во мојата глава јас секогаш сум стартер. Тоа ќе го мислам до крајот на кариерата, а вашето мислење можеби е поинакво. Ги почитував одлуките на сите тренери во клубовите. Можеби еднаш или двапати не, но тоа е затоа што лошо се однесуваа кон мене“.
Објасни и зошто се гледа себеси и понатаму како важен дел од селекцијата.
„Кога не постои работна етика кај фудбалерот тоа е контроверзно. Кај мене тоа не е случај. Се чувствувам спремен да дадам дополнителна вредност на овој тим, а потврда за тоа се и зборовите на селекторот. Кога ќе почувствувам дека не можам да помогнам, самиот ќе се повлечам. Сега како што кажав се чувствувам добро и среќно“, изјави Роналдо.