Пензионираниот бразилски напаѓач Роналдо малку се посрамоти кога го прашаа што мисли за Тимо Вернер.
Оличните игри во Лајпциг Вернер го промовираа во најдобар и најскап германски напаѓач, а иако во меѓувреме Челзи го обезбеди неговиот потпис не значи дека сите слушнале за него.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поранешниот бразилски голгетер Луис Назарио Де Лима, познат како Роналдо баш и не знае многу кој е Вернер.
„Вернер? Тој е оној од Баер Леверкузен“, праша Роналдо, па додаде:
„Не сум го гледал уште како игра. Гледам многу натпревари, додуша во последно време помалку. Него се уште не сум го гледал“, искрено призна Бразилецот.
Ќе потсетиме, во четвртокот Челзи и Лајпциг го потврдија трансфер на Вернер. Челзи за неговите услуги ќе плати 55 милиони евра.