Дома Топ вести Роналдо блеска во 2018: Сам даде повеќе голови од 5 европски гиганти!

Роналдо блеска во 2018: Сам даде повеќе голови од 5 европски гиганти!

Кристиано Роналдо со четирите гола на мечот против Џирона сруши неколку рекорди.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Со првиот постигнат гол во 11-а минута Португалецот стана најефикасен стрелец во најдобрите пет лиги од почетокот на годината.

Роналдо во 2018 година веќе има постигнато 18 гола и тоа само на 13 натпревари. Од нив 15 се во Примера и 3 во Лигата на шампиони во двата меча против ПСЖ.

Со головите против Џирона, Роналдо стигна до 17 постигнати гола во Примара во 2018 година. Тоа е импресивен податок ако се знае дека исто толку голови постигнале гиганти како Милан и Арсенал, додека Португалецот сам е поефикасен од клубови како Манчестер Јунајтед, Бортмунд и Челзи.

Покрај тимската, Роналдо ја помина и поединечната конкуренција, па вкупно оваа сезона веќе има постигнато 37 гола, еден повеќе од Мохамед Салах (36) и два повеќе од Хари Кејн (35).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Лаутаро херој, Аргентина без Меси победи на последниот натпревар пред Светското првенство (Видео)

Аргентинските фудбалери триумфираа против Хондурас со 2:0 во пријателски натпревар како де…