Дома Фудбал Останато Роналдињо пуштен на слобода!

Роналдињо пуштен на слобода!

Легендарниот Бразилец Роналдињо конечно е на слобода.

Некогаш најдобриот фудбалер во светот беше во домашен притвор во Парагвај поради влез во државата со лажен пасош. Роналдињо прво еден месец беше во затвор, за потоа да биде преместен во домашен притвори кој го издржуваше во луксузен хотел.

Роналдињо во Парагвај пристигнал на промоцијата на неговата книга, но не можел ниту да претпостави со какви проблеми ќе се најде. Судијата Густаво Амарила сега одлучи да ги пушти на слобода Роналдињо и неговиот брат Роберто де Асис.

Треба да споменеме дека Роналдињо додека беше во затворот беше одлично прифатен. Играше турнири, се фотографираше, делеше автограми…Стана омилен помеѓу затворениците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ужасни вести за Реал Мадрид стигнаа од кампот на француската репрезентација

Ибрахима Конате се повреди во кампот на француската репрезентација и се врати во Мадрид ка…