Дома Трансфер зона Рома ја сака ѕвездата на Ајакс

Рома ја сака ѕвездата на Ајакс

Раководството на Рома е силно заинтересирано за младата ѕвезда на Ајакс, Џастин Клајверт, пренесуваат италијанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Рома веќе подолго време го следи Клајверт и е спремна наскоро да испрати официјална понуда до холандскиот клуб.

Синот на легендарниот Патрик Клајверт игра одлична сезона со дресот на Ајакс и до овој момент запиша 30 настапи, на кои постигна 8 гола и 4 асистенции.

18-годишниот напаѓач има договор со Ајакс до 2019 година, а за него интерес покажуваат уште Тотенхем и Манчестер Јунајтед.

Меѓутоа, Рома е спремна да ја победи конкуренцијата и наскоро ќе испрати официјална понуда за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…