Раководството на Рома е силно заинтересирано во своите редови да го донесе шведскиот репрезентативец и играч на Лајпциг, Емил Форсберг.
Форсберг одигра одлична сезона во дресот на Лајпциг, а добрата форма ја пренесе и на Мундијалот, каде со неговиот гол ја однесе Шведска во четвртфинале.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Рома е најактивен клуб на трансфер пазарот и веќе донесе десет засилувања, а сега ќе тргне по Форсферг.
„Волчицата“ ќе ги започне преговорите со Лајпциг по завршувањето на Светското првенство, но германскиот клуб нема лесно да се откаже од својата ѕвезда.
?? Emil Forsberg's winner sends Sweden through to the quarter-finals of the World Cup for the first time since 1994! ??? pic.twitter.com/tCOU3s7AVZ
— UEFA Nations League (@UEFAEURO) July 3, 2018