Дома Трансфер зона Рома спрема „грандиозен“ летен шопинг

Рома спрема „грандиозен“ летен шопинг

Италијанските медиуми пренесуваат дека Рома значително ќе го засили тимот во летниот преоден рок.

„Волчицата“ стигна до полуфиналето во ЛШ и од тоа заработи 100 милиони евра, а раководството е спремно да ги исполни сите желби на тренерот Ди Франческо и да донесе големи засилувања.


Време е за ЕП: Супер дерби уште на стартот, тест за домаќинот! ↓↓↓


Спортскиот директор Мончи подготвил амбициозен список и веќе работи на летните трансфери. Медиумите на Апенините ги открија имињата кои се наоѓаат во тој список.

Играчот за врска на Спортинг Лисабон, Родриго Батаља е првиот фудбалер кој Рома сака да го донесе во своите редови. Аргентинецот има откупна клаузула од 30 милиони евра, но се очекува „волчицата“ да го договори неговото доаѓање за 20 милиони евра.

Веќе при крај се прегорите за Андерсон Талиска од Бешикташ, како и за хрватскиот „бисер“ Анте Чориќ од Динамо Загреб.

Во средниот ред сигурно ќе пристигне уште едно засилување, а на радарот се ѕвездата на Аталанта Брајан Кристанте и талентот на Каљари Николо Барела.

Рома исто така покажува интерес и за Симоне Верди од Болоња, кој е желба на Наполи и Интер, како и на Матео Дармијан од Манчестер Јунајтед за чиј потпис ќе води „битка“ со Јувентус.

Во секој случај Рома планра ова лето да потроши значителна сума за засилувања, а со тоа да ги исполни желбите на Ди Франческо и да ги израдува фановите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер купува дефанзивец од „Олд Трафорд“

Приоритет на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, пренесуваат ит…