Италијанските медиуми пренесуваат дека наско нов играч на Рома ќе биде бразилскиот интернационалец, Андерсон Талиска.
24-годишниот офанзивен фудбалер наводно им се доверил на своите пријатели дека кариерата ќе ја продолжи во Италија, поточно во дресот на Рома.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кариерата ќе ја продолжам во Италија. Се договорив со Рома. Во Бешикташ поминав две прекрасни години, сега е време за чекор напред во кариерата“, наводно им рекол Талиска на пријателите.
Ова сезона Талиска за Бешикташ одигра 45 меча на кои постигна 20 гола и запиша 10 асистенции, па за него силен интерес покажаа и неколку клуба од Премиер лигата.
Инаку Бразилецот е во сопственост на Бенфика, која за неговиот потпис бара 30 милиони евра.