Дома Трансфер зона Рома добива бесплатно засилување од Милан?

Рома добива бесплатно засилување од Милан?

„Кориере дело Спорт“ тврди дека работата е практично договорена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рома е во финансиски проблеми, должи скоро 300.000.000 евра и ако остане без Лигата на шампионите би можела да биде принудена да продаде некои од поскапите играчи. Затоа челниците на клубот мораат да мислат однапред. И Изгледа успеале да договорат доаѓање на Џакомо Боновентура.

Не е првпат искусниот играч за врска да се поврзува со Римјаните, меѓутоа „Кориере дело спорт“ утрово тврди дека работата практично е договорена и дека Рома се согласила на условите на Мино Раиола. Се најавува дека Боновентура ќе дојде во Рома како слободен играч и ќе потпише договор на три години со плата од 2.5 милиони евра по сезона.

Според информациите Раиола договорил и добар бонус за самиот потпис, имајќи предвид дека неговиот клиент доаѓа без оштета. Ќе потсетиме, ова лето на Боновентура му истекува договоот со „росонерите“ и Милан изгледа е спремно да го пушти.

Освен Рома, интерес за Боновентура покажаа Торино и Аталанта од каде што дојде на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…