Раководството на Рома е подготвено да се раздели со еден од најдобрите поединци, Раџа Наинголан за 40 милиони евра, тврдат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најсилен интерес за Наинголан покажува Интер, бидејќи Белгиецот е најголема желба на тренерот Лучијано Спалети. Сепак, таквиот трансфер може да се случи само во јули, поради правилата на финансискиот ферплеј.
Рома е спремна да се раздели со популарниот „нинџа“, особено после привлекувањето на Брајан Кристанте од Аталанта кој игра на истата позиција.
Сега остананува да видиме дали Интер е спремен да плати 40 милиони евра или ќе се обиде додатно да ја намали цената.