30-годишниот Иван Марчано, сегашен член на Порто, ќе се врати во Рим. Договорот на Марчано со Порто истече, имаше понуда и од Валенсија, но се одлучи за Серија А.
Во Рим ќе дојде како замена за Хектор Морено кој беше продаден на Сосиедад, а за место во тимот ќе се бори со Манолас и Фазио, иако тука е и Хуан Хесус кој може да игра на позициајта стопер. Директорот на клубот своевремено сакаше да го доведе во Севиља.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанецот играше а Сантандер, Виљареал и Гетафе, пред да ја напушти Шпанија, а потоа настапи за Олимпијакос и Рубин Казан, за во Порто да добие добар углед и да биде стандарден стопер четири сезони.
Марчано се смета за добар одбранбен играч. Има 30 години, висок е 190 сантиметри, многу силен, некогаш настапуваше за младата шпанска репрезентација, а со Олимпијакос и со Порто оваа сезона ја освои шампионската титула.