Дома Трансфер зона Романо: Челзи го комплетираше најголемиот трансфер во историјата на Премиер лигата

Романо: Челзи го комплетираше најголемиот трансфер во историјата на Премиер лигата

Каиседо наскоро ќе стане нов играч на Челзи, објави Фабрицио Романо со својот популарен хаштаг „Here We Go“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Најпознатиот светски стручњак за трансфери наведува дека трансферот на Каиседо од Брајтон во Челзи е најголемиот во историјата на Премиер лигата.

Рекордот претходно го држеше Енцо Фернандез, аргентинскиот играч за врска кого Челзи летово и плати 121 милион евра на Бенфика.

Челзи за одличниот играч за врска ќе плати 133 милиони евра обештетување, а процент од отштетата од следниот трансфер ќе добие и Брајтон.

Каиседо ќе потпише договор со Челзи до 2031 година со опција за продолжување до 2032 година, односно на осум или потенцијално девет години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Керик остана без голема желба: Бразилецот го одби Манчестер Јунајтед и потпиша тригодишен договор

Мајкл Керик сè уште официјално не започна да го составува тимот за новата сезона, а Манчес…