Дома Фудбал Робин ван Перси најави крај на кариерата!

Робин ван Перси најави крај на кариерата!

Легендарниот холандски напаѓач, Робин ван Перси објави дека на крајот на сезоната ќе стави крај на својата богата кариера.

35-годишниот напаѓач кој моментално настапува за Феенорд ја јавно ја објави својата одлука пред холандските медиуми.

Ван Перси е најдобар стрелец во историјата на холандската репрезентација со 50 гола на 102 натпревари. Во својата кариера играше за Арсенал, Манчестер Јунајтед и Фенербахче, пред да се врати во матичниот Феенорд.

Ван Перси со Феенорд го освои Купот на УЕФА во 2002 година, а со Манчестер Јунајтед стана шампион на Англија во 2013 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од протести до врвот: Лацио сонува за приказна како на Лестер

Лацио нема пораз и со 29 бода по 11 кола го живее најдобриот старт во клупската историја. …