Дома Фудбал Германија Робен се прости од Баерн: Глупост е да не се слават головите против поранешните тимови

Робен се прости од Баерн: Глупост е да не се слават головите против поранешните тимови

Холанѓанецот стави точка на блескавите 10 години во Минхен.

Последното коло од Бундес лигата во Минхен помеѓу Баерн и Ајнтрахт ќе биде посебен спектакл во сабота попладне (15:30). Не само што Баерн ја брка 29-тата титула шампион на Германија и седма во низа пред публиката за последен пат ќе се појават Франк Рибери и Арјен Робен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа ќе биде крај на една убава и трофејна ера, а холандскиот мајстор не крие дека едвај го чека последниот натпревар во сезоната.

„Кога времето вака брзо ќе помине во еден клуб, тоа е добар знак. Тоа значи сте се чуствувале пријатно и сте се забавувале. Затоа натпреварот против Ајнтрахт ќе биде посебен за мене“, зборуваше Робен на својата последна конференција за медиумите во дресот на Баерн.
Крилниот напаѓач порача смета дека не донел одлука за понатамошната кариера.

„Мојот фокус е само на натпреварот во сабот. Секако дека зборував за својата иднина со сопругата и семејството, но се уште ништо не сум одлучил“.

Потоа се врати на важноста на престојот во Минхен за него.

„Не очекував волку долго да останам тука. Кога дојдов прв пат во Баерн овој клуб не беше толкава сила во Европа. Но, уште во првата сезона изненадувачки стигнавме до финалето и одлично напредувавме сите овие години. Горд сум што бев дел од изградбата на доминантен Баерн“.
На прашањето дали ако дојде во ситуација да игра против Баерн и постигне и постигне гол ќе слави даде интересен одговор.

„Ако преминам на лето во клуб кој игра против Баерн нема да имам проблем со тоа. Мислам дека глупост е да не славите гол против клубот во кој сте играле. Секогаш давате максум за тимот за кој играте, ако не сте спремни да го направите тоа кажете му на тренерот да ве остави на клупата“, порача Робен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…