Дома Фудбал Останато Робен по вторпат ја заврши кариерата

Робен по вторпат ја заврши кариерата

Легендарниот холандски фудбалер, Арјен Робен (37) ја заврши професионалната кариера.

Искусниот крилен напаѓач одлучи да стави крај на кариерата во Гронинген каде што беше член во измината година, но поради повредата одигра само седум натпревари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Драги љубители на фудбалот. Одлучив да ја завршам професионалната кариера. Беше тежок избор и сакам да се заблагодарам на сите кои од срце ми даваа поддршка“, порача Робен во соопштението.

Робен имаше фантастична кариера која можеше да биде и поголема да ги немаше тешките повреди поради кои често беше надвор од терените и поради кои во 2019 година се реши да ја заврши кариерата. Сепак посака повторно да игра и се врати во тимот на Гронинген. Се повреди во првиот натпревар и не играше со месеци.

Очигледно Робен смета дека неговото тело повеќе не е способно да ги издржи физичките напори и стави точка на богатата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона ја „блиндира“ новата ѕвезда

Новото откритие на Барселона, Пау Кубарси стави потпис на нов договор со клубот до 20…