Дома Фудбал Германија Едно големо и значајно благодарам, за Холандија, за фудбалот: Хејнкес со концизен коментар за легендарниот Робен

Едно големо и значајно благодарам, за Холандија, за фудбалот: Хејнкес со концизен коментар за легендарниот Робен

Арјен Робен во 34. година ја заврши својата репрезентативна кариера откако Холандија не успеа да се пласира на СП во Русија.

Натпреварот против Шведска за Робен беше последен во репрезентативниот дрес, кој го носеше од 2003. година, а неговата одлука да каже „збогум“ на Холандија ја прокоментира и новиот тренер на Баварците, Јап Хејнкес.

„Холандија му даде на светот играчи како Кројф, Гулит, Ван Бастен, Рајкард. Сметам дека Робен дефинитивно треба да има место на таа листа“, истакна Хејнкес, пренесуваат странските медиуми и додаде:

„Тој е професионалец каков што ретко можете да видите, а малкумина имаат толкав мотив за напредок“, истакна Германецот.

Робен за репрезентацијата на Холандија запиша 96 настапи и постигна 37 погодоци. Покрај тоа има и 29 асистенции зад своето име, забележувајќи неверојатна статистика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Роналдо се посрамоти, промаши топка и заврши на тревата, Ал Наср без него направи пресврт (Видео)

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо имаше вечер за заборав на натпреварот од третото к…