Еден од најинтересните дуели во осминафиналето од Лигата на шампиони сигурно ќе биде онај помеѓу Ливерпул и Баерн Минхен.
Ѕвездата на Баварците и еден од најискусните, Арјен Робен пред натпреварот даде свое видување и истакна дека „Енфилд“ е најлошиот стадион за противниците.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ако ме прашувате мене, „Енфилд“ е најлошиот стадион на кој сум настапувал. Секогаш има ривали со кои сакате да играте, но и такви против кои едноставно не можете да играте. Во тоа време Ливерпул беше специјализиран за Куп натпреварувањата. Во еден или два натпревари играа одлично, што не беше случај и во текот на целата сезона“, истакна Робен.
„Мислам дека сега тоа се промени, а најголема заслуга има Јирген Клоп, кој е одличен тренер. Минатата година играа во финалето на Лигата на шампионите, а оваа се на врвот во Премиер лигата. Против нив ќе биде навистина тешко, но ние ќе се бориме до самиот крај“, заклучи Холанѓанецот.
Холанѓанецот има работено со многу квалитетни тренери, меѓу кои Гвардиола и Мурињо, па се обиде да направи споредба меѓу нив.
„Додека настапував за Челзи на клупата беше Мурињо. Тогаш игравме напаѓачки фудбал, со два напаѓачи. Ми се доаѓа како тренер, но Гвардиола за мене е најдобриот стратег на денешницата. Иако имав 29 години кога бев под негово водство, сепак чувствуав дека напредувам, тој е неверојатен“, истакна Робен