Холандскиот фудбалер, Арјен Робен изјави дека се повеќе размислува за завршување на својата кариера, каде што, најверојатно, ќе игра уште една сезона за Баерн Минхен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Овој 33-годишен крилен напаѓач во последно време се повеќе има проблеми со повредите и свесен е дека се поблиску е до крајот на играчката кариера. Робен во изјава за германските медиуми призна дека најверојанто ќе одигра уште една сезона во Баерн, и дека пред да ги закачи копачките на клин ќе се врати во клубот каде што сето тоа го започна.
„Прилично сум релаксиран кога размислувам за се. Свесен сум дека крајот е блиску, но сега мислам само за следната сезона. Се уморив од сето тоа и гледам дека мие потребен подолг одмор. Пред да ја завршам кариерата, сигурно ќе се вратам во Холандија и ќе играм за Гронинген. Тоа е мојот клуб каде што почнав и имам голема желба да се вратам“, изјави Робен.
Робен кариерата ја започна во 2000. година во Гронинген, каде што за две сезони одигра 46 натпревари и постигна осум гола. По тоа, си замина во ПСВ, па во Челси и Реал Мадрид. Во досегашниот дел од кариерата за Баерн одигра 256 натпревари и постигна 131 гол.