Дома Македонски спорт Ријека го испраќа Милан Ристовски на позајмица во Спартак Трнава

Ријека го испраќа Милан Ристовски на позајмица во Спартак Трнава

Maкедонскиот младински репрезентативец Милан Ристовски ќе се врати во шампионатот на Словачка.

Ристовски најмалку до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Спартак Трнава каде што ќе игра како позајмен фудбалер. Во овој клуб се очекува по тешката повреда да се врати во ритам.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Словечка не е непозната дестинација за Ристовски тој веќе играше во оваа земја во тимот на Нитра. Пред Нитра и Ријека, Милан Ристовски го носеше дресот на Кршко од Словенија и Работнички.

Инаку, за оние што не се запознаени Милан Ристовски е брат на Стефан Ристовски, македонскиот репрезентативец во А-селекцијата.

Очекувањата се наредната сезона Ристовски да се врати во Ријека.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Миовски пресреќен: Чест ми е што сум во тимот на сезоната во Шкотска!

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски доби место во идеалниот тим на Премиер лига…