Репрезентативецот на Македонија Милан Ристовски се врати во Спартак Трнава, овој пат не како позајмен фудбалер, туку во перманентен трансфер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во претходните шест мсеци Ристовски го носеше дресот на Спартак како позајемн фудбалер.
На промоцијата Ристовски истакна дека очекува успешна сезона.
„Среќен сум што повторно го носам дресот на овој клуб. Се надевам на добри резултати, сакам ова да биде наша сезона. Благодарен сум и на мојот поранешен клуб Ријека“, изјави Ристовски.
Ќе потсетиме, Ристовски беше дел од репрезентацијата на Македонија на Европското првенство.