Дома Македонски спорт Мак ракомет Ристовски: Ако не се подобри ситуацијата, Вардар ќе бара судии од странство за дерби натпреварите

Ристовски: Ако не се подобри ситуацијата, Вардар ќе бара судии од странство за дерби натпреварите

По години поминати на терен исполнети со клупски и репрезентативни радости, успеси па и тагувања, и многу испотени дресови, спортска кариера на Борко Ристовски продолжува повторно во ракометот, но во функција на Извршен директор во Вардар. 

Во намерата да се направи успешно стабилизирање,  и играчки и финансиски, Ристовски e една од македонските легенди кои решија да помогнат во продолжување на патот на најуспешниот ракометен спортски бренд во Македонија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сите сакаат да имаат фер услови за натпреварување, и единствено да се размислува како да победи противникот. Доколку има тенденција, и во серија постојано има лошо и пристрасно судење тогаш е нормално да се бараат средства како тоа да прекине.

„Нам ни останува само да се надеваме дека делот со судењето ќе се подобри, генерално за сите. Не бараме судење во ничија корист, туку едноставно – чесност и 50-50, па нека победи подобриот. Се залагаме за ферплеј на теренот и надвор од него. Во крајна мера, ако не се подобри ситуацијата и ако се продолжи со правењето сопки, и има разни игри околу Вардар, кои можеби во минатите години успевале, сега ако не се поправи стуацијата ќе бараме и судии од странство за дерби средбите, за да се добие на чесноста и да нема влијание од различни страни. Треба на терен да ја мериме силата“, изјави Ристовски во интервјуто за клупската страница на РК Вардар.

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Арсенал спреми астрономска понуда за ѕвездата на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тиж…