Дома Фудбал Рикелме: Меси ќе освои ЛШ со ПСЖ, а потоа ќе се врати во Барса

Рикелме: Меси ќе освои ЛШ со ПСЖ, а потоа ќе се врати во Барса

Ова лето Лионел Меси ја напушти Барселона и се пресели во ПСЖ, па се уште не стивнуваат импресиите од овој голем трансфер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Легендата на аргентинскиот фудбал Хуан Роман Рикелме, вели дека е среќен поради трансферот на Меси во ПСЖ, но верува дека ќе се врати на „Камп Ноу“.

Рикелме беше играч на Барселона од 2002 до 2005 година и тврди дека приказната помеѓу Меси и Барса се уште не е завршена.

„Се надевам дека Меси ќе ужива во Париз. Не знам дали е чудно, но сите сме возбудени да го гледаме заедно со Мбапе и Нејмар. Ако не ја освојат ЛШ сега, тогаш не знам дали ќе ја освојат некогаш“, истакна Рикелме.

„Мислам дека Меси ќе ја освои ЛШ со ПСЖ и ќе се врати во Барселона“, заклучи Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо го игра „последниот танц“ на Мундијалите

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо потврди дека актуелното Светско првенств…