Дома Македонски спорт Ретко кога Абердин имал ваков напаѓач: Во Шкотска воодушевени од спринтот од 80 метри на Миовски!

Ретко кога Абердин имал ваков напаѓач: Во Шкотска воодушевени од спринтот од 80 метри на Миовски!

Фудбалските аналитичари во Шкотска се воодушевени од спринтот на Бојан Миовски при голот за победа на Абердин во вчерашното полуфинале од шкотскиот куп.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Миовски истрча 80 метри од пред својот гол до противничкиот шеснаесетникот и на крајот успеава да шутира и да биде прецизен.

Поранешниот шкотски репрезентативец, Џон Колинс зборуваше за голот на Миовски.

„Разликата помеѓу двата тима беше само Бојан Миовски. Дојде во Абердин и на вистински начин го покажува својот потенцијал. Во финишот на натпреварот успеа да има сила за еден таков спринт. Тешко е да бидете прецизни откако ќе истрчате 80 метри“, објаснува Колинс.

Шкотските аналитичари пресметаа и дека реализиацијата на на Миовски сезонава е 17.4% што е одличен процент.

„Бојан е напаѓач каков што ретко кога имал Абердин. Неговиот допринс за тимот е огромен“, објаснува Вили Милер, легенда на Абердин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Интер плати 50 милиони евра за новото засилување!

Дензел Дамфрис замина кај Жозе Мурињо во Реал Мадрид, а управата на клубот предводена од Ѓ…