Искусниот холандски напаѓач, Клас Јан Хунтелар (35) одлично ја отвори сезоната во Ајакс.
На десет одиграни натпревари во холандската лига и квалифкациите за Лигата на шампионите, Хунтелар постигна осум погодоци и запиша една асистенција со што го потврди ја потврди големата класа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неговиот Ајакс вчера на гостувањето кај Витесе во рамките од четвртото коло на холандското рпвенство славеше со 4:0, а натпреварот го обележи Хунтелар кој постигна два погодоци.
Посебно интересен беше оној вториот во 58 минута со оглед на тоа дека го постигна само триесетина секунди откако ВАР му поништи еден погодок. Интересно е што и поништениот и признатиот гол беа постигнати без малку на идентичен начин.
Golü VAR tarafından iptal edilen Klaas-Jan Huntelaar’ın 30 saniye sonra aynısından tekrar atması…pic.twitter.com/xHcKjvM8ke
— PlayersDB (@PlayersDB_TR) September 3, 2018