Марин Петков имаше причини за задовлство, затоа што за својот 21. Роденден доби и повик за настап и во сениорскиот национален тим. Дел е од оние 14 кошаркарки кои се во конкуренција за првиот квалификациски ФИБА „прозорец“, и мечевите против селекциите на Естонија, на 23. февруари во Скопје и три дена со Полска, во Сосновиец.
Поранешниот кадетски и младински репреентативец изрази благодарност за укажаната доверба од стручниот штаб на чело со селекторот Јончевски.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Најпрвин сум благодарен што бев избран меѓу овие 14. кошаркари кои ќе ја претставуваат Македонија на почетокот од овие квалификации. Пресреќен сум што сум тука, подготвен да го дадам најдоброто од себе. Дебито за сениорската репрезентација е голема работа, досега не сум имал проблем со трема пред натпревари, верувам дека така ќе биде и пред овој дуел со Естонија“ – изјави еден од најмладите во овој ростер на „црвено-жолтите“.
Бекот на МЗТ Скопје Аеродром порачува дека најважно ќе биде Македонија да се претстави во вистинско светло, бидејќи тоа може да ни ја донесе победата на стартот од овие квалификации:
„Знаеме дека Естонците имаат квалитетна лига и навистина добри кошаркари, дел од нив настапуваат и во Евролигата. Имаме респект кон противникот, но го очекуваме најдоброто од нас самите. Ако го покажеме она што го знаеме, верувам дека ќе имаме поволен резултат. Поддршката од трибините секогаш е многу важна за нас, го видовме тоа и на младинското ЕП минатото лето каде навивачите ни помогнаа да ја оствариме зацртаната цел. Се надеваме дека повторно фановите ќе имаат голема заслуга за нови добри резултати на нашата репрезентација, овојпат, онаа сениорската“ – дополни Петков.
Македонија Естонија ќе ја пречека на 23-ти февруари во СРЦ „Кале“ од 19:00 часот.