Францускиот фудбалер Орелиен Чумаени ќе биде капитен на својата репрезентација на претстојниот натпревар од Лигата на нации против Израел, соопшти денеска Француската фудбалска федерација.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Килијан Мбапе кој ја носи капитенската лента во Франција ќе ги пропушта натпреварите против Израел и Белгија поради мала повреда на бутот, додека неодамнешниот заменик-капитен Антоан Гризман ја заврши својата репрезентативна кариера минатиот месец.
Чуамени (24) за француската репрезентација одигра 36 натпревари и постигна три гола.
Франција во овој циклус ќе игра со Израел на 10 октомври во Будимпешта и со Белгија на 14 октомври во Брисел.