Дома Фудбал Репрезентацијата на Германија е вториот финалист во Купот на конфедерациите

Репрезентацијата на Германија е вториот финалист во Купот на конфедерациите

Фудбалската репрезентација на Германија е вториот финалист на Купот на Конфедерации. Германците во второто полуфинале убедливо го совладаа Мексико со 4:1 (2:0).

Пласманот во финалето актуелниот светски шампион го реши во почетните десет минути, кога фудбалерот на Шалке, Горецка со два гола му донесе недистижна предност на својот тим.

По еден час игра, Вернер, зголеми на 3:0. Во самата завршница Мексико со спектакуларниот гол на Фабија намали на 3:1, а конечниот резултат го постави Јунес во 91.минута.

Германија во финалето ќе игра против селекцијата на Чиле. Чилеанците, во средата, по изведувањето пенали ја совладаа Португалија со 3:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан останува без Чуквуезе најмалку два месеца, Рамос се враќа за Удинезе

Повредата на колкот го оддалечува Чуквуезе од терените до крајот на годината, додека Рамос…