Дома Фудбал Репрезентациите на Панама и САД се пласираа во четвртфинале од Голд купот

Репрезентациите на Панама и САД се пласираа во четвртфинале од Голд купот

Селекциите на Панама и домаќинот САД ќе играат во четвртфиналето на КОНКАКАФ Голд купот, откако синоќа во Кливленд, во 3.коло од Б-групата беа подобри од своите ривали.

Американците и покрај двата промашени пенали ја победија Никарагва, додека Панама беше убедлива против Мартиник.

Резултати:
Панама – Мартиник 3:0 и
Никарагва – САД 0:3.

Табела: САД 7 бода, Панама 7, Мартиник 3, Никарагва 0.

Групната фаза на Голд купот ќе биде заокружена ноќеска по полноќ по одигрувањето на 3.коло во Ц-групата.

Двојките се:
Јамајка – Салвадор и
Курасао – Мексико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фоден со хет-трик го разби АЕК: Сити немилосрден и без Халанд!

Манчестер Сити го совлада АЕК со 5-1 за втора победа во Лигата на шампионите, а Фил Фоден …