Денес репрезентацијата на Македонија го одработи последниот тренинг пред утрешниот натпревар против Израел.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Натпреварот против Израел е последен во овој квалификациски циклус за Европското првенство. Шанси за пласман преку квалификациите немаме и ќе се надеваме дека ќе се избориме за прв настап на едно ЕП преку Лигата на Нации.
Овој натпревар против Израел сепак има важност затоа што имаме прилика да го оствариме најдобриот пласман во едни квалификации и да бидеме трети во групата.
Натпреварот се игра утре од 20:45 на националната арена „Тоше Проески“.











