Дома Фудбал Англија Реми на Челзи во градското дерби, Ливерпул осамен на врвот

Реми на Челзи во градското дерби, Ливерпул осамен на врвот

Tимот на Челзи за прв пат оваа сезона не успеа да слави, Вест Хем беше екипата која ремизираше против „сините“.

Маурицио Сари за прв оваа сезона не успеа да ги освои трите бода со Челзи и тоа во градското дерби против Вест Хем во кое не видовме погодоци. Челзи беше нешто подобар тим и немаше да биде назаслужено доколку славеа на денешниот натпревар, но сепак мрежите мируваа.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Вест Хем во нападот не можеше да смета на услугите на Аранаутовиќ, па може да се каже дека тоа беше проблем за „чеканите“.

Најдобрата шанса на натпреварот ја пропушти Алваро Мората кој можеше да погоди само неколку моменти од кога влезе на теренот.

Откако Еден Азар му испрати употреблива топка, Мората излезе „еден на еден“ со голманот Фабијански и го погоди во глава.

Поседот беше на страната на Челзи и тоа убедливо, но сепак тоа не беше довлно за победа на тимот на Маурицио Сари.

После шестото коло единствени клуб со максимален број на бодови ќе остане Ливерпул, додека Челзи и Манчестер Сити имаат по 16 освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Покетино лут поради срамната ситуација: Следниот пат сите ќе „летаат“ надвор!

И покрај победата од 6:0 и четирите гола на Кол Палмер, тренерот на Челзи, Маурисио Покети…