Дома Останати Ракомет РЕМИ НА ПОЛУВРЕМЕТО: Митрески одличен на голот, во нападот погодува Манасков

РЕМИ НА ПОЛУВРЕМЕТО: Митрески одличен на голот, во нападот погодува Манасков

Македонија денес во 18:15 на Европското првенство во Хрватска го игра натпреварот против Данска кој нема кој знае какво резултатско значење.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За овој натпревар Раул Гонзалес на трибините го остави нашиот капитен Кире Лазаров.

Натпреварот започна изедначено гол за гол, а Данците во 15 минута од средбата успеаа да стигнат до два гола разлика 7:9, а поголемо водство на противникот во овие моменти спречи Митрески кој запиша една навистина одлична интервенција. Во следниот наш напад Филип Талески намали на 8:9, а неколку моменти подоцна нашиот голман Никола Митрески по една одбрана успеа и да се запише во листата на стрелци за 9:9.

Во финишот од полувреме, Никола Митрески имаше две одлични интервенции, но тоа нашите ракометари не го искористија и на пауза се замина со нерешен резултат 12:12. Најефикасен наш ракометар во првите 30 минути е Дејан Манасков со четири постигнати погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардарецот Хориха ќе игра во Саудиска Арабија!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха, кој веќе е познат како идно засилување на ПИК Сегед о…