Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо е спремен да прави комплетна реконструкција на тимот во текот на летниот преоден рок, бидејќи јавно потврди дека не е задоволен од постоечкиот кадар.
„Мирор“ пренесува дека дури 10 фудбалер на лето ќе го напуштат „Олд Трафорд“ и дека Мурињо спрема комплента револуција.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Прв на листата е Лук Шо, скапо платениот бек кој влезе во конфликт со „Специјалниот“, па сигурно ќе биде продаден на лето. Дејли Блинд и Матео Дармијан исто така ќе го напуштат „Олд Трафорд“, додека Маруан Фелаини нема да го продолжи договорот и ќе замине како слободен агент.
Мајкл Карик најави крај на кариерата, додека Златан Ибрахимовиќ веќе потврди дека заминува на крајот на сезоната.
Покрај овие фудбалери кои сигурно заминуваат, неизвесна е иднината уште на Крис Смолинг, Хуан Мата, Андер Ерера и Ентони Марсијал, за кого интерес покажува Јувентус.
Весникот тврди дека во четвртокот Мурињо имал средба со генералниот директор Ед Вудворд и му ја претставил својата намера. Тоа значи дека раководството повторно треба да одобри 300 милиони евра за нова селекција, а дел од таа сума ќе биде финансирана со продажба на споменатите фудбалери.